Градоначалникот Ганиу оствари средба со ученици кои ќе учествуваат на регионален натпревар по математика
- Во просториите на Општина Чаир денеска од градоначалникот Висар Ганиу беа пречекани група талентирани ученици од основните училишта во општината, кои освоија прво, второ и трето место на општинскиот натпревар по математика.

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Во просториите на Општина Чаир денеска од градоначалникот Висар Ганиу беа пречекани група талентирани ученици од основните училишта во општината, кои освоија прво, второ и трето место на општинскиот натпревар по математика.
Како што информираат од општинската прес-служба, на овој натпревар, 48 ученици од шест училишта од Чаир обезбедиле учество на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 15 март, каде ќе се натпреваруваат со ученици на Општина Бутел и Општина Чучер Сандево.
Градоначалникот им честитал на учениците за нивните постигнувања и ги охрабрил да продолжат со посветеност и самодоверба по патот на знаењето. Тој посочил дека Општина Чаир секогаш ќе ги поддржува младите таленти и ќе инвестира во образованието како гаранција за посветла иднина на новите генерации.
-Учениците добија и мотивирачка порака да продолжат со страст и ангажман, бидејќи нивното знаење и труд се вредности кои го прават горд целото наше општество. Честитки за сите победници и успех на наредните натпревари!, се наведува во соопштението на Општина Чаир. фф/бак/
Фото: Општина Чаир