• сабота, 22 февруари 2025

Градоначалникот Атанасовски се сретна со претставници на Центарот за развој на Источен плански регион

Градоначалникот Атанасовски се сретна со претставници на Центарот за развој на Источен плански регион

Македонска Каменица, 5 февруари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Источен плански регион Трајче Здравков и досегашната директорка Зујица Ангелова.

Тема на разговор на средбата, како што соопшти денеска Атанасовски, била реализацијата на тековните и идните проекти во Општина Македонска Каменица и регионот.

-На состанокот присуствуваа и претставници од Општина Македонска Каменица, кои активно се вклучени во спроведувањето на проектот „Преку подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничниот регион“. Овој проект предвидува „Обележување и трасирање на велосипедска патека по сртот на Осоговските Планини во Македонска Каменица“. Неговата подготовка е во завршна фаза, односно пред потпишување на Договор за реализација, информира Атанасовски.

Дополнително на средбата било разговарано за нови и идни проекти кои ќе бидат реализирани во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион. 

-Ова партнерство е од особена важност за развојот на нашиот град, со унапредување на локалната инфраструктура и нашите туристички потенцијали. Општина Македонска Каменица останува посветена на реализацијата на проекти од интерес на граѓаните, додаде Атанасовски.

Најави дека Општината продолжува со посветено работење и активна соработка за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општината и регионот. вс/мд/


Фото: Општина Македонска Каменица
 

Остани поврзан