Градежни активности во штипската населба Осми Ноември
- Почнаа активностите за уредување паркинг простор за паркирање на 50 возила во населбата Осми Ноември во Штип. Паркингот е по потреба и барање на жителите од станбените згради во населбата, а во рамки на проектот е предвидено да се направат и пристапни улици за достапност на возилата до новиот паркинг, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

Штип, 12 февруари 2025 (МИА) - Почнаа активностите за уредување паркинг простор за паркирање на 50 возила во населбата Осми Ноември во Штип. Паркингот е по потреба и барање на жителите од станбените згради во населбата, а во рамки на проектот е предвидено да се направат и пристапни улици за достапност на возилата до новиот паркинг, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.
-Во рамки на овој проект е предвидено да се направи и пристапна улица, преку која што ќе има достапност на возилата до новиот паркинг простор. Тој целосно ќе биде осветлен со нови канделабри, ќе има дополнителна поврзаност со скалници на околните станбени згради со истиот паркинг. Она што сакам да го најавам дека деновиве не само уредувањето на паркинг површината, актуелно во населбата Осми Ноември ќе продолжи уредувањето на влезовите на станбените згради, кој што се останати неуредени, рече Јорданов.
Повеќе од два милиони денари се издвоени од буџетот на општината за уредување на паркинг површината, а дополнително околу четири милиони денари се издвоени и за уредувањето на влезовите на станбените згради. вдј/мд/
Фото: МИА