• сабота, 22 февруари 2025

Герасимовски: Комунална хигиена праќа деманти дека чисти, а ни денеска не го собра сметот на Кале и во Крњево

Герасимовски: Комунална хигиена праќа деманти дека чисти, а ни денеска не го собра сметот на Кале и во Крњево

Скопје, 12 февруари 2025 

Службите на Општина Центар, денеска повторно го исчистија насобраниот смет околу кантите во населбата Кале што се под надлежност на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје.

„И ова утро, повторно го исчистивме насобраниот смет околу кантите во населбата Кале што се под надлежност на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Комунална хигиена два пати испраќа деманти дека чисти според динамика утврдена со Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, но службите на Општина Центар скоро една недела го собира сметот тука. Викендов, направивме и дезинфекција, ги искречивме ѕидовите и поставивме канти за отпад откако утврдивме дека има само една од градот. И во населбата Крњево исто така, денеска не е исчистен сметот“, вели Герасимовски.

Општина Центар упатува апел до Комунална хигиена поажурно да работи, затоа што жителите во Центар секојдневно се јавуваат сметот да се исчисти.

Општина Центар

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Центар

Остани поврзан