Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”. Вкупно беа собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат

Скопје, 21 февруари 2025
Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”.
Вкупно беа собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат.
На секоја од трите локации беа поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во раните утрински часови истиот беше собиран од службите на општината.
„Ги повикувам граѓаните и понатаму да бидат совесни и да го фрлаат отпадот на соодветните места. Да продолжиме заедно и одговорно да се грижиме за нашиот Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.
Акцијата продолжува и во следните два месеци, во периодот од 15 до 20 март и април, на локации за кои навремено ќе информира Општина Центар.
Општина Центар
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Општина Центар