Гаши ја посети МРТВ по повод Светскиот ден на радиото
- Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на радиото, претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши денеска ја посети Македонската радио-телевизија и се сретна со генералниот директор Маријан Цветковски и директорката на радиото Ајтен Власаку Мехмети.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на радиото, претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши денеска ја посети Македонската радио-телевизија и се сретна со генералниот директор Маријан Цветковски и директорката на радиото Ајтен Власаку Мехмети.
На средбата, како што информира собраниската прес-служба, се дискутираше за актуелната состојба и различните предизвици со кои се соочува оваа институција. Гаши беше запознаен со годинашните планови за инвестиции во напредна радио опрема и технологии.
Во рамки на посетата, Гаши ги посетил студијата на Македонската радио-телевизија и им се обратил на слушателите на радиото. Притоа, како што се наведува, ја истакна својата блиска поврзаност со радиото и изрази силна поддршка од Собранието за развојот и унапредувањето на овој медиум. На прашањето за можноста за 24-часовно емитување на Радио Скопје, тој изрази подготвеност да помогне и рече дека треба интензивно да се работи на изнаоѓање модалитети кои ќе овозможат решенија на овој план.
Претседателот на Собранието Гаши и врачил симболичен подарок на директорката Власаку Мехмети во чест на вредниот и незаменливиот придонес на националното радио. мд/дма/
Фото: Собрание