• петок, 21 февруари 2025

Во чест на Фросина, апел до угостителските објекти во Неготино викендов да се воздржат од музика

Во чест на Фросина, апел до угостителските објекти во Неготино викендов да се воздржат од музика

Неготино, 5 февруари 2025 (МИА) - Апел до сите угостителски објекти во Неготино, викендов да се воздржат од музика, во чест на 22 - годишната Фросина Кулакова која беше усмртена на улицата ,,Партизанска" во Скопје, е јавно упатен преку фејсбук група посветена на овој град. 

- Ги замолуваме менаџерите и сопствениците на кафулиња, ресторани и кафеани, овој викенд да се воздржат од ангажирање на бендови и гласна музика, во знак на почит кон нашата Фросина, пишува во објавата.

Притоа се бара да се покаже солидарност и да се испрати јасна порака „доста е со сообраќајното насилство". 

- Да не дозволиме ова да се повтори, е апелот упатен до јавноста. 

Истовремено,  протестен марш, насловен ,,Стоп за сообраќајното насилство", закажан е за во сабота во 14 часот во Неготино,  информираа организаторите на настанот. 

Објавена е и информација дека другарките на Фросина, организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш. свд/

Фото: Фејсбук група ,,Неготино, прашања, изгубено - најдено, превоз, огласи" 

Остани поврзан