Во Општина Струга состанок за реализација на проектот за замена на азбестни цевки на водоводната мрежа
- Подобрување на водоснабдувањето на градот Струга и намалување на загубите на вода, која изнесува преку 60 отсто ќе овозможи реализацијата на проектот за замена на азбестни цевки на водоводна мрежа. За почетокот на реализација на проектот, како што соопшти Општина Струга, во кабинетот на градоначалникот Рамис Мерко денеска се одржал подготвителен состанок.

Струга, 31 јануари 2025 (МИА) - Подобрување на водоснабдувањето на градот Струга и намалување на загубите на вода, која изнесува преку 60 отсто ќе овозможи реализацијата на проектот за замена на азбестни цевки на водоводна мрежа. За почетокот на реализација на проектот, како што соопшти Општина Струга, во кабинетот на градоначалникот Рамис Мерко денеска се одржал подготвителен состанок.
- Новиот водоснабдителен систем со кој ќе бидат заменети азбесните цевки ќе придонесе за подобрување на здравјето и добрососотојбата на граѓаните, посочува Општина Струга.
Техничката документација за реализација на проектот, додаваат, била подготвена во текот на 2022 и 2023 година од проект тим од Општина Струга, јавното претпријатие „Водовод и кaнализација“ и проектантот „Аква инжинеринг“ од Скопје.
Работите на терен ќе ги изведува градежната компанија Маркоски К73 од Струга, која пред две недели склучи договот со Министерството за животна средина и просторно планиарање (МЖСПП).
Инвестицијата вредна 76 милиони денари е во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, со средства обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку МЖСПП како неповратни средства на општините. сс/дма/
Фото: Општина Струга