Во Кавадарци наградени најдобрите деликатеси направени со вино
- Награди за најдобрите деликатеси направени со вино, беа доделени денеска во рамки на настанот „Вино на женски начин - магија во секој вкус“, во чест на празникот „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Кавадарци, 12 февруари 2025 (МИА) - Награди за најдобрите деликатеси направени со вино, беа доделени денеска во рамки на настанот „Вино на женски начин - магија во секој вкус“, во чест на празникот „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Настанот беше во организација на Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци и Вински музеј за регион Тиквеш.
- Денес го прославуваме Свети Трифун на еден уникатен начин, со женска енергија, креативност, поезија, уметност, дегустација и избор на најдобрите деликатеси со вино. Испишавме прекрасна винска приказна што беше повод за нови вкусови, нови пријателства и уживање за сите сетила, рекоа од Комисијата за еднакви можности.
Љубители на храната, виното, кулинарски ентузијасти, љубители на пишаниот збор, уметноста и музиката беа собрани на исто место.
- Жените имаат посебна улога во винската историја, а денес ни покажаа дека виното освен за пијалок може да се користи и како додаток во многу деликатеси. Секое вино носи приказна, но оваа нашата е посебна, истакнаа од Комисијата за еднакви можности. свд/аа/
Фото: МИА