• петок, 05 декември 2025

Во Кавадарци доделени уверенија за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општината 

Во Кавадарци доделени уверенија за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општината 

Кавадарци, 1 ноември 2025 (МИА) - Општинската изборна комисија денеска ги додели уверенијата за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општина Кавадарци. 

- За мене е ден со посебна симболика. На истиот ден кога го прославувам мојот 44. роденден, ја добив и официјалната потврда, уверението за трет мандат како градоначалник на Кавадарци од страна на Општинската изборна комисија. Овој ден е потсетник дека ништо не е случајно. Довербата што граѓаните повторно ми ја дадоа е најголемата чест и најголемата одговорност. Заедно со советниците кои се дел од истата визија и идеја, продолжуваме уште посилно, со уште повеќе работа, дела и резултати, напиша градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук. 

Тој изрази благодарност за поддршката и довербата. свд/ац/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан