Во Дебар се одржа панел дискусија на тема „Да водиме со личен пример“
- Со цел промоција на спортските вредности, мотивирање на младите и истакнување на личниот интегритет како клуч за успех, во Дебар, се одржа панел дискусија под мотото „Да водиме со личен пример“.
Дебар, 20 декември 2025 (МИА) - Со цел промоција на спортските вредности, мотивирање на младите и истакнување на личниот интегритет како клуч за успех, во Дебар, се одржа панел дискусија под мотото „Да водиме со личен пример“.
Настанот беше во организација на Здружението „Рајчица“, како дел од проект поддржан од Општина Дебар.
Трибината обедини истакнати имиња од македонската спортска сцена, кои преку своите автентични животни приказни дебатираа за предизвиците на врвниот спорт, спортското лидерство, но и за балансот помеѓу семејството и професионалните обврски, информираше организаторот.
Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општината, Африм Кркути, кој ја истакна важноста на овој проект и ја нагласи посветеноста на Општина Дебар во поддршката на иницијативи што промовираат вредности како дисциплина, истрајност, храброст и општествена одговорност кај младите.
-Овој настан е со поддршка на Општина Дебар, со цел зајакнување на позитивната улога на спортот и личниот пример во формирањето на младите генерации. Општина Дебар останува посветена на поддршката на проекти кои придонесуваат за социјалниот, едукативниот и спортскиот развој на нашата заедница, рече меѓу другото Кркути.

Пред присутните се обрати и сестра Ефимија од манастирот "Свети Георгиј Победоносец" во дебарското село Рајчица, која го нагласи значењето на спортските вредности и се заблагодари на Општина Дебар за континуираната поддршка на вакви и слични настани, кои го зајакнуваат соживотот на ова подрачје и пошироко. вт/аа/
Фото: МИА