Во Гостивар консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа
- Трет консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа ќе се одржи денеска во Младински ресурсен центар (Youth and Community Center) во Гостивар.

Гостивар, 3 февруари 2025 (МИА) - Трет консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа ќе се одржи денеска во Младински ресурсен центар (Youth and Community Center) во Гостивар.
Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.
На настанот, како што се наведува во соопштението на Министерството за локална самоуправа, ќе присуствуваат и в.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, градоначалници од Полошкиот плански регион, претставници од УНДП, како и претставници од невладини организации.
Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.
Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.
Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност. ац/лв/
Фото: МИА архива