• сабота, 22 февруари 2025

Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија

Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Првиот состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав се одржа денеска во Владата. Овој состанок е од клучно значење за зајакнување на стратешката соработка и партнерството со меѓународните институции и донаторите, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

- Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ кој има за цел фундаментална трансформација на земјата преку економски раст, енергетска независност, инвестиции во знаење, инфраструктура и дигитализација. Пред нас е голем предизвик, да создадеме стабилна и економски просперитетна држава, со силни институции и правда еднаква за сите. Затоа, потребна е координација, партнерства и мобилизација на ресурси за ефективно спроведување на стратегијата, објави Мицкоски.

Со заеднички напори, како што наведува, можеме да ја реализираме оваа визија за доброто на граѓаните и идните генерации. мд/са/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски 

Остани поврзан