Во велешката библиотека отворена изложба на дела поврзани со творештвото на професор Георги Шоптрајанов
- На 2 февруари годинава се навршија 118 години од раѓањето на истакнатиот велешки франкофон, писател, преведувач и универзитетски професор д-р Георги Шоптрајанов. По повод годишнината, локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска постави изложба од дела поврзани со творештвото на Шоптрајанов.

Велес, 3 февруари 2025 (МИА) - На 2 февруари годинава се навршија 118 години од раѓањето на истакнатиот велешки франкофон, писател, преведувач и универзитетски професор д-р Георги Шоптрајанов.
По повод годишнината, локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска постави изложба од дела поврзани со творештвото на Шоптрајанов.
Библиотеката уште на 5 октомври 2012 година има отворено Франкофонско катче каде меѓу големиот број на книги се собрани и најголем дел од делата поврзани со творештвото на проф. д-р Георги Шоптрајанов.
Георги Шоптрајанов е роден на 2 февруари 1907 година во Велес како најмало дете во семејството Шоптрајанови. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а во 1927 година како надарен и вреден студент тој бил избран за асистент и така станал прв Македонец со универзитетско звање. Докторирал во 1935 година со што станал првиот Македонец, доктор по лингвистички и литературни науки. Шоптрајанов е еден од првите пет професори кои предаваат на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на многу книги, а превел и голем број книги од француската литература. Тој бил еден од најголемите македонски франкофони.
Во негова чест Општина Велес секоја година на празникот на градот, 9 Ноември доделува награда, најстудент проф. д-р Георги Шоптрајанов. ад/дма/
Фото: Општина Велес