• петок, 21 февруари 2025

Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух

Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух

Бангкок, 23 јануари 2025 (МИА) – Поради загадување на воздухот денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок затворени се околу 200 училишта, а властите ги повикаа луѓето да работат од дома и ги ограничија тешките возила во градот.

Бангкок утрово е шести најзагаден град во светот, според „АјКјуЕр“ (to IQAir).

Нивото на PM2,5 загадувачи, микрочестички кои предизвикуваат рак, доволно мали за да влезат во крвотокот преку белите дробови, достигна 122 микрограми на кубен метар.

Претходно тајландските властите дозволија работа од дома со цел да се намали загадувањето. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан