• петок, 21 февруари 2025

Викендов се игра 20 коло во ПМФЛ

Викендов се игра 20 коло во ПМФЛ


Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) – Македонските фудбалски прволигаши овој викенд ќе го одиграат редовното 20 коло во кое дербито е закажано во Тетово меѓу лидерот Шкендија и второпласираниот Силекс.
Актуелниот шампион Струга го пречекува последнопласираниот Вардар, додека Брера Струмица е домаќин на Шкупи.
Третопласираниот Гостивар ѝ гостува на Беса, Работнички е домаќин на Воска, додека Тиквеш во Кавадарци го пречекува Пелистер.
Дуелот во Струга е на програмата в сабота, додека преостанатите пет прволигашки пресметки ќе се играат в недела, сите со почеток од 14 часот.
ПМФЛ – 20 коло: Шкендија – Силекс, Струга – Вардар, Беса – Гостивар, Работнички – Воска, Тиквеш – Пелистер, Брера – Шкупи. ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан