Ваљбон Лимани ги претстави мерките за поддршка на младите, учениците и семејствата
- Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција претстави пет мерки кои ќе почне да ги спроведува по преземањето на функцијата. Мерките се во облик на финансиска поддршка семејствата, младите, жените и повозрасните членови на семејствата.
Гостивар, 2 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција претстави пет мерки кои ќе почне да ги спроведува по преземањето на функцијата. Мерките се во облик на финансиска поддршка семејствата, младите, жените и повозрасните членови на семејствата.
- Покажавме дека знаеме како да ги спроведуваме одлуките. Минатата година издвоивме 100 евра за секое семејство со новородено дете и ќе ја продолжиме оваа мерка и оваа година, рече Лимани.
Кандидатот на овие избори, кој е поддржан од Националната алијанса за интеграција, нагласи дека младите ќе бидат главен приоритет во неговата програма и кажа дека оваа година 30 стартапи на млади ќе добијат поддршка од по 60 илјади денари. На тој начин, како што рече, инвестирањето во нашите млади е инвестирање во иднината на Гостивар.
Жените кои ќе почнат некоја бизнис идеја и ќе почнат да стопанисуваат, ќе добијат дополнителна поддршка од општината.
- Развојот не може да биде целосен без јакнење на жените. Секоја година, триесет, жени и девојки ќе бидат финансиски поддржани за нивните деловни иницијативи, рече Лимани.
Тој го презентираше и проектот за пензионирани баби и дедовци кои ќе ги чуваат внуците и за нивниот ангажман тие ќе добиваат еднократно по 30 илјади денари.
Во правец на поголема безбедност во училиштата ќе биде воведена нова активност.
- Во секое училиште, ќе ја спроведеме програмата „Амбасадори на безбедност и почит“ во секое училиште. На тој начин учениците ќе се заштитат едни со други и ќе градат училишта без малтретирање, рече кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани.
Лимани нагласи дека овие мерки не се ветувања, туку конкретен план за акција за пофер и поразвиен Гостивар. згм/фф/
Фото: МИА