Божикна литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола
- -Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик, истакна градоначалникот Коњановски.
Битола, 7 јануари 2026 (МИА) - Епископот велички Никола претпладнево во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола со свештенослужители одржа Божиќна литургија.

Според востановената традиција на утринската богослужба учествуваше и градоначалникот Тони Коњановски, годинава придружуван од заменик градоначалничката Марина Крстиќ и членови на Советот на Општина Битола.
-Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик, истакна градоначалникот Коњановски. мт/вг/
Фото: МИА