• петок, 21 февруари 2025

Белингем се соочува со казна по градското дерби со Атлетико

Белингем се соочува со казна по градското дерби со Атлетико

Мадрид, 11 февруари 2025 (МИА) - Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингем би можел да биде казнет поради пцовки кон судијата за време на градското дерби со Атлетико од 23. коло на шпанската Ла Лига (1:1), објавија шпанските медиуми.

Според извештаите, инцидентот, кој се случил во 12. минута од натпреварот, бил опишан во извештајот на судијата и пренесен до судиската комисија, која би можела да го казни Белингем за неговите постапки.

Сезонава Англичанецот настапи на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои забележа 10 гола и 10 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан