• понеделник, 09 март 2026

Без струја корисници во Кисела Вода, Центар и Карпош

Без струја корисници во Кисела Вода, Центар и Карпош

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 08.30 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Саса 2“, а од 09:00 до 13:00 часот,  од ул.„Димо Хаџидимов“ бр.4,  во општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. 

Без струја од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс Олимписко Село во општина Центар, а од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.„Ванчо Мицков“ во општина Карпош.лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан