Без вода утре делови од општина Центар
- Поради промена на вентили на шахти утре без вода ќе бидат делови од општина Центар. Од 09 часот вода ќе немаат дел од просториите на Град Скопје, општина Центар, ноќниот клуб Маракана и Сити хотелот.
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Поради промена на вентили на шахти утре без вода ќе бидат делови од општина Центар. Од 09 часот вода ќе немаат дел од просториите на Град Скопје, општина Центар, ноќниот клуб Маракана и Сити хотелот.
Од 10:30 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Македонија“ односно од потегот на улицата „Даме Груев“ до „Рекорд“, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. бак/
Фото: МИА архива