Без вода населбата Крњево
- Во соопштението се додава дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект, без вода во текот на денов ќе бидат корисниците од населбата Крњево, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Во соопштението се додава дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива