• петок, 15 мај 2026

Без вода дел од Кисела Вода

Без вода дел од Кисела Вода

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Без вода во моментов се неколку улици во Општина Кисела Вода поради уличен дефект на ф200мм, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Од 10:45 часот, водоснабдувањето e прекинато за корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „474“, „Киро Крстевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Тоне Томшиќ“, „Боте Боцевски“ и „Ѓорѓи Димитров“.

Вода нема да има до завршување на зафатот за санирање на дефектот. бд/мч/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан