• недела, 11 јануари 2026

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп

Џеда, 8 јануари 2026 (МИА) - Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп.

Натпреварот се одржа синоќа во Џеда, Саудиска Арабија.

Рафиња постигна два гола (38. и 52. минута), додека Феран Торес (22.), Фермин Лопез (30.) и Руни Барги (34.) по еднаш се запишаа во листата на стрелци.

Во второто полуфинале ќе играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Натпреварот ќе се вечер од 20 часот исто така во Џеда. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан