• петок, 21 февруари 2025

Ахмети: Во Република Косово да победат опозициските сили, тоа е добро за мирот и стабилноста

Ахмети: Во Република Косово да победат опозициските сили, тоа е добро за мирот и стабилноста

Битола, 8 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети за време на денешниот престој во Битола изјави дека на претстојните парламентарни избори на Косово треба да победат опозициските сили.

Ахмети нагласи дека победата на косовската опозиција ќе влијае добро за мирот и стабилноста.

-Од особено значење е во Република Косово да победат опозициските сили. Тоа би влијаело добро за мирот и стабилноста. Очекувам граѓаните од Република Косово да се определат за важни процеси, изјави Ахмети во Битола, каде денеска учествуваше на политички собир со членовите и симпатизерите на партијата.мт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан