Асфалтиран регионалниот пат низ велешката населба Превалец
- Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта денеска се реализираа завршни зафати за реконструкција на дел од регионалниот пат кој поминува низ велешката приградска населба Превалец, на потегот од железничкиот премин на пругата Велес-Битола до излезот од населбата.
Велес, 1 декември 2025 (МИА) - Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта денеска се реализираа завршни зафати за реконструкција на дел од регионалниот пат кој поминува низ велешката приградска населба Превалец, на потегот од железничкиот премин на пругата Велес-Битола до излезот од населбата.
Како што информираат од Општина Велес, денеска се изврши постилање со завршен асфалтен слој на оваа делница, на што претходеше поставување на рабници, земјени работи и порамнителен слој пред асфалтирање.
Најавија дека во наредниот период ќе се работи на подобрување на состојбата на тротоарите, како и поставување на хоризонтална и вертикална патна сигнализација.ад/са/
Фото Општина Велес