Анчелоти повеќе не е тренер Ботафого
- Ботафого објави на својата официјална веб-страница дека Давиде Анчелоти ја напушта својата позиција како главен тренер на тимот.
Рио де Жанеиро, 18 декември 2025 (МИА) - Ботафого објави на својата официјална веб-страница дека Давиде Анчелоти ја напушта својата позиција како главен тренер на тимот.
Триесет и шестгодишниот Италијанец, кој е син на Карло Анчелоти, одби да потпише нов договор.
- Анчелоти повеќе не е тренер на Ботафого. Неговите помошници исто така го напуштаат тимот. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност како дел од семејството Ботафого. Новиот тренерски персонал ќе биде објавен наскоро, се вели во соопштението на бразилскиот клуб.
Оваа сезона, Ботафого освои 63 бода и заврши шести на табелата. Тимот се квалификуваше за Копа Либертадорес за прв пат во својата историја. зс/
Фото: ЕПА