• петок, 21 февруари 2025

(Анти)маркетинг-мамки за пицата со ананас во Велика Британија

(Анти)маркетинг-мамки за пицата со ананас во Велика Британија

Норич, 24 јануари 2025 (МИА) - Пицерија во Норич, Англија, во обид да ги обесхрабри луѓето да купуваат пица со ананас, ја наплатува 100 фунти (118 евра), пренесуваат британските медиуми.

Истражување спроведено во Велика Британија од 2024 година покажува дека повеќе од 50 отсто од Британците сакаат ананас на пица, 16 отсто не го сакаат, а речиси 20 отсто рекле дека „ја мразат“ таа состојка на пицата. Поради мнозинството, пицеријата „Лупа пица" од неодамна ја има пицата „Хаваи“ со шунка и ананас и, на менито таа чини 100 фунти. Со-сопственикот на гостилницата, Френсис Волф рече дека овој потег е направен затоа што сопствениците, воопшто, „силно ја презираат“ пицата со ананас.

„Да, можете да ја имате за 100 фунти. Нарачајте и шампањ! Ајде, ти, чудовиште!", пишува во рекламата на интернет.

Главниот готвач Чин Џијаноран додаде дека пицеријата има конзервиран ананас во случај некој да го нарача, но - тоа сè уште не се случило.

Покрај сѐ, многумина сметаат дека таканаречената војна меѓу „про-ананас“ и „анти-ананас“ воините во којашто се вклучи и „Лупа пица“ е, всушност, реклама и маркетинг-мамка.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан