АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен
- - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50 метри има кај Ресен, соопшти АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.
Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Намалена видливост поради магла 30-50 метри има кај Ресен, соопшти АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури, укажува АМСМ, можна е појава на поситни одрони. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. лв/рп/
фото: МИА архива