• петок, 05 декември 2025

Американскиот претставник Стив Виткоф нема да учествува на разговорите меѓу Ердоган и Зеленски во Анкара

Американскиот претставник Стив Виткоф нема да учествува на разговорите меѓу Ердоган и Зеленски во Анкара

Вашингтон, 19 ноември 2025 (МИА) - Дипломатскиот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, нема да патува за Турција, изјави денеска американски функционер. До денеска постоеше верување дека Виткоф ќе учествува во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара, на кои се обидуваат да ги обноват разговорите со Русија со цел да се стави крај на војната.

-Погрешно е да се каже дека специјалниот претставник Стив Виткоф ќе патува во Турција, изјави висок функционер на Стејт департментот кој не сакаше да биде именуван.

Украински извор претходно изјави дека Виткоф ќе биде присутен за време на разговорите на Зеленски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски денеска пристигна во Турција, потврди Андриј Јермак, шеф на администрацијата на украинскиот претседател, и додаде дека е во „постојана комуникација“ со американскиот претставник Стив Виткоф, кој, сепак, не го потврди своето учество во разговорите.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан