• недела, 11 јануари 2026

Ал Џезира: Најмалку 10 лица загинаа во напад со дрон врз пазар во Дарфур

Ал Џезира: Најмалку 10 лица загинаа во напад со дрон врз пазар во Дарфур

Картум, 21 декември 2025 (МИА) – Најмалку десет лица загинаа во напад со беспилотно летало кое погоди пазар во северен Дарфур во Судан, дознава Ал Џезира од извори.

Истовремено, извор од војската за Ал Џезира изјави дека суданската војска извршила воздушни удари врз позициите на Силите за брза поддршка (РСФ) во Јужен Кордофан. При тоа биле предизвикани значителни жртви во редовите на РСФ, откако овие трупи претходно соопштија дека презеле контрола врз населбата.

Од почетокот на конфликтот, во Јужен Кордофан се водат интензивни борби меѓу суданската војска и Силите за брза поддршка, кои се во сојуз со силите на северното крило на Движењето за народен отпор.

Шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Судан, Мохамед Рифат, изјави дека се очекува меѓу 90.000 и 100.000 лица да бидат приморани да ги напуштат своите домови доколку борбите во Јужен Кордофан продолжат. Тој додаде дека околу половина милион луѓе се во опасност поради ескалацијата на насилството во областа Ал-Убеид во Северен Кордофан.

Рифат, исто така, потврди дека повеќе од 100.000 лица побегнале од градот Ел Фашер и околните села, додека многу цивили и понатаму се заробени во соседните области. Тој нагласи дека недостигот на меѓународно финансирање довел до драстично намалување на хуманитарните активности, што дополнително ја влошува хуманитарната ситуација во земјата.

Од средината на април 2023 година, Судан е во војна меѓу државната војска и Силите за брза поддршка, која резултираше со десетици илјади загинати и околу 13 милиони раселени лица. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан