• вторник, 15 октомври 2024

Песков: За разлика од Западот, Русија не се меша во внатрешните работи на Грузија

Песков: За разлика од Западот, Русија не се меша во внатрешните работи на Грузија

Москва, 15 октомври 2024 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков изјави дека Русија, за разлика од Западот, „не се меша“ во внатрешните проблеми на Грузија.

„Што се однесува до изборите (во Грузија), тоа не не засега нас. Гледаме неселективни обиди на западните земји да извршат притисок врз актуелните грузиски власти и директно да влијаат на текот на изборната кампања“, рече Песков.

Парламентарните избори во Грузија се закажани за 26 октомври.

Неколку функционери на владејачката партија „Грузиски сон“ беа на списокот со санкции на САД поради „поткопување на демократијата“.

И покрај барањата на Грузија за членство во НАТО и во Европската унија, владејачката партија усвои закон во Парламентот со кој се ограничуваат правата на членовите на ЛГБТК+ заедницата, кој проевропската претседателката Саломе Зурабишвили одби да го потпише, но тој на крајот сепак стапи на сила на почетокот на овој месец. рп/

Остани поврзан