• недела, 24 ноември 2024

Палестинскиот амбасадор во ОН го осуди американското вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Палестинскиот амбасадор во ОН го осуди американското вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Њујорк, 21 ноември 2024 (МИА) - Палестинскиот амбасадор Маџид Бамја го осуди американското вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Можеби за некои имаме погрешна националност, погрешна религија, погрешна боја на кожа. Но, ние сме луѓе и кон нас треба така да се постапува“, вели Бамја.

На седницата на Советот за безбедност на ОН вчера, САД по четврти пат ставија вето на резолуцијата за прекин на огнот во Појасот Газа, додека останатите 14 земји-членки гласаа „за“, пренесува Ал Џезира.

„Јасно ставивме до знаење за време на преговорите дека не можеме да поддржиме безусловен прекин на огнот што не подразбира ослободување на заложниците“, рече Роберт Вуд, заменик-амбасадор на САД во ОН. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан