• вторник, 24 декември 2024

Рама утре во Лондон на средба со албанската дијаспора

Рама утре во Лондон на средба со албанската дијаспора

Тирана, 23 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, премиерот Еди Рама, ќе оствари уште една средба, овој пат, утре во Лондон, средба која беше првично планирана за месец мај.

Средбата, се одржува под познатото мото „Горд за Албанија“, на која, како и на претходните, ќе побара поддршка од дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа и се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат напролет.

- Го барам вашиот глас за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер, кој ја прогласил независноста на земјата на 28 ноември 1912 година во Валона), со сите други знамиња на големото европско семејство, е главната порака на Рама на средбите. 

Првата средба тој ја одржа во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец беше во Милано. Во Њујорк, беше на 26 минатиот месец, додека на 3-ти месецов беше во Солун. вт/

Остани поврзан