• вторник, 23 јули 2024

Најмалку 90 Палестинци уапсени на Западниот Брег

Најмалку 90 Палестинци уапсени на Западниот Брег

Рамалах, 23 ноември 2023 (МИА) - Израелските сили синоќа уапсија најмалку 90 Палестинци на окупираниот Западен Брег, од кои 36 од селото Азун источно од Калкилија и бегалскиот камп Аруб, соопшти Здружението на палестински затвореници.

Меѓу уапсените Палестинци има и поранешни затвореници, пренесува Ал Џезира.

Како што се наведува, од почетокот на конфликтот на 7 октомври, на Западниот Брег се уапсени 3.130 Палестинци. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан