• вторник, 05 ноември 2024

Хамас и Фатах ќе се сретнат со медиумите во Пекинг по преговорите за помирување

Хамас и Фатах ќе се сретнат со медиумите во Пекинг по преговорите за помирување

Пекинг, 23 јули 2024 (МИА) - Лидерите на ривалските палестински фракции Фатах и ​​Хамас утрово ќе се сретнат со медиумите во Пекинг, а ќе присуствува и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

На состанокот ќе бидат претставени вкупно 14 палестински фракции, објави кинескиот информативен канал CGTN на социјалните мрежи.

Палестинските фракции одржаа дијалог за помирување во кинескиот главен град на 21-23 јули, објави државната телевизија CCTV.

Палестинските фракции на состанокот во Пекинг постигнаа договор за формирање влада на единство со цел формирање палестинска држава и ставање крај на окупацијата, пренесоа синоќа палестинските медиуми.

Во соопштението објавено на крајот од вчерашниот состанок, претставниците на различните фракции се согласија да формираат привремена влада на национално единство и да ги обединат институциите на Западниот брег и Газа, да започнат со реконструкција на Појасот Газа и да се подготват за одржување на општи избори што е можно поскоро. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан