• недела, 12 мај 2024

Градоначалникот Костадинов на работилница на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан во Будва

Градоначалникот Костадинов на работилница на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан во Будва

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, ќе учествува на работилницата на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, што денеска и утре ќе се одржи во Будва, Црна Гора.

Темата на работилницата е „Зајакнување на улогата на градовите за справување со омразата, екстремизмот, поларизацијата преку подобрена соработка помеѓу националното и локалното ниво“, а учествуваат, како што соопштија од ОПштина Струмица, претставници на Стејт Депарментот на Соединетите Американски Држави, градоначалници и партнери на Мрежата на силни градови.

Општина Струмица ја доби поканата и стана член на Мрежата на силни градови, како Општина со најактивен Локален совет за превенција во државата, кој се потврди како вистински пример за систематски пристап кон третманот на различните отворени општествени прашања.

На работилницата во Будва, најавија од Општина Струмица, градоначалникот Костадинов ќе ги пренесе позитивните искуства од функционирањето на струмичкиот Локален совет за превенција, а кои беа препознати и од Мисијата на ОБСЕ и како модел ќе се користи за формирање на вакви совети и во другите општини. По примерот на Струмица и со активно учество на негови претставници, веќе е формиран ваков Совет и во Даниловград, Црна Гора. цр/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан