• вторник, 14 мај 2024

Без струја селата Волково и Кучково, како и неколку улици во Кисела Вода и Гази Баба

Без струја селата Волково и Кучково, како и неколку улици во Кисела Вода и Гази Баба

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија денеска ќе останат корисници од селата Волково и Кучково, како и делови од неколку улици во општините Кисела Вода и Гази Баба. 

Како што соопштија од РЦУК – Скопје, денеска во период од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во селата Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 14:00 часот од улиците „Банско“, „Баница“, „Наум Охридски“ и „Жванска“, во Општина Кисела Вода. 

Без електрична енергија денеска од 07:00 до 15: 00 часот ќе бидат новите згради спроти „Мерцедес“ ул. 852 , во Општина Гази Баба, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од улиците „Милан Мијалковиќ“, „Пржино“ и „Кавалска“, во Општина Кисела Вода. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

Остани поврзан