„MEET Преспа"– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец
- Во Пустец утре ќе се одржи фолклорен фестивал „MEET Преспа" со учество на фолклорни групи од Албанија и Северна Македонија, објави Општина Пустец.
Дебар, 24 јули 2025 (МИА) - Во Пустец утре ќе се одржи фолклорен фестивал „MEET Преспа" со учество на фолклорни групи од Албанија и Северна Македонија, објави Општина Пустец.
-Сите се поканети и добредојдени на овој значаен прекуграничен фестивал - настан што ја обединува традицијата, музиката и народните ора на различните краишта од Преспа, Албанија и Северна Македонија, стои во објавата.
Во празнична атмосфера, се додава, ќе се промовира културното наследство и прекуграничната соработка.
Настанот го организира Општина Пустец во соработка со општините Девол, Колоња, Поградец и Ресен, организацијата „Гео-екологија“ а со поддршка на Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.
Според општина Пустец, фестивалот, кој почнува во 18 часот, на плоштадот "Гоце Делчев", е дел од иницијативите за развој на културниот туризам и истакнување на природните и етнографските богатства на Преспанскиот регион. вт/дма/
Фото: Плакат