• сабота, 27 јули 2024

Kалин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Скопје

Kалин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Скопје

Скопје, 11 јуни 2023 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на Фјучерсот во Скопје. Ивановски попладнево во финале го победи Саша Вајнебург од Франција со 2:0, по сетови или 7:6(2) и 6:4.

 

Мечот се одигра на терените на ТК Југ и траеше 1 час и 46 минути.

 

Македонецот беше четврти, Французинот трети носител на турнирот со награден фонд од 25.000 долари.

 

Ивановски е прв македонски тенисер со трофеј на Фјучрс во Скопје по пауза од 15 години. зс/

Остани поврзан