• понеделник, 23 декември 2024

„Бритиш ервејз“ ги прекинува летовите од аеродромот Гетвик

„Бритиш ервејз“ ги прекинува летовите од аеродромот Гетвик
Лондон, 31 март 2020 (МИА) - Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот. На одлуката влијаеле деловните ограничувања и предизвикувачкиот пазар за време на пандемијата на Ковид-19. „Бритиш ервејз“ претходно овој месец соопшти дека компанијата се бори за опстанок и ќе мора да отпушти одреден број работници. Авиокомпанијата ќе продолжи да реализира летови од аеродромот Хитроу во Лондон. гт/

Остани поврзан