• вторник, 25 март 2025

Јапонски суд неради распуштање на Црквата на обединувањето

Јапонски суд неради распуштање на Црквата на обединувањето

Токио, 25 март 2025 (МИА) – На барање на јапонската Влада суд во Токио нареди распуштање на Црквата на обединување, изјави извор близок до групата, која беше критикувана дека од своите членови бара финансиски уништувачки донации, објави Кјодо.

Одлуката на Окружниот суд во Токио ќе и го одземе статусот на оваа контроверзна организација како верска корпорација со даночни олеснувања, и покрај тоа што се уште ќе и биде дозволено да работи во Јапонија.

Барањето беше поднесено во октомври 2023 година, по неколкумесечна истрага за групата.

Според јапонскиот правен систем, властите можат да побараат од судовите да наредат распуштање доколку некоја верска корпорација „изврши чин за кој е јасно утврдено дека значително и штети на јавната благосостојба“.

Црквата на обединувањето, официјално позната како Семејна федерација за светски мир и обединување, го привлече вниманието на јавноста по атентатот во 2022 година на поранешниот премиер Шинзо Абе. Тоа го извршил човек кој наводно признал дека има лутина кон црквата поради финансиски уништувачките донации што ги направила неговата мајка.

Случајот беше проследен со серија откритија за врски меѓу некои пратеници од владејачката Либерално-демократска партија и Црквата на обединување, потсетува Кјодо.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан