• петок, 22 ноември 2024

Џош Хартнет и Тамсин Еџертон се венчале на тајна свеченост

Џош Хартнет и Тамсин Еџертон се венчале на тајна свеченост
Лос Анџелес, 8 март 2022 (МИА) - Џош Хартнет и неговата долгогодишната девојка Тамсин Еџертон тајно се венчале минатата година. Веста е објавена сега. Тие стапиле в брак на свеченост далеку од очите на јавноста, на 5 ноември, потврди неговиот публицист за „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). Двојката се запозна на снимањето на нивниот филм „Љубовници“ (The Lovers) од 2011, а во врска се од 2012 година. Холивудскиот срцекршач е познат по своите романси со колешките Скарлет Јохансон, Кирстен Данст, Џулија Стајлс. Во меѓувреме, Хартнет свесно се тргна себеси од средиштето на вниманието во Холивуд, одбивајќи улоги како Бетмен и други. Тоа тој го нарече „најдоброто нешто за моето ментално здравје и мојата кариера“. - Она на што сум најмногу горд е тоа што сум татко на три деца и имам добри односи со мојата партнерка и одличен семеен живот... И сè уште можам да работам на добри филмови, а, како што стареам, ликовите стануваат и поинтересни!, изјави тој во една прилика. Хартнет и Еџертон добија ќерка во 2015, второто дете во 2017., и трето - во 2019 година. Никогаш не ги открија имињата на нивните деца.  си/

Остани поврзан