• сабота, 04 јануари 2025

Џошуа планира две борби во 2025 година

Џошуа планира две борби во 2025 година

Лондон, 1 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа планира две борби во 2025 година. Ова го изјави неговиот менаџер Еди Херн во интервју за „ИФЛ ТВ“.

-Ја чекаме одлуката на Тајсон Фјури за неговата кариера, како и борбата меѓу Даниел ДуБоа и Џозеф Паркер на 22 февруари. Планираме две борби во 2025. Една во лето и една во зима, изјави менаџерот.

Претседателот на промотивната компанија „Мечрум Боксинг“ додаде дека средбата меѓу Џошуа и Фјури може да стане најголемата борба во боксот во последните години.

-Никој не би бил заинтересиран за трета борба меѓу Фјури и Усик. Нема друг противник кој е посоодветен за Фјури од Џошуа, категорично изјави Херн.

Потсетуваме, Тајсон Фјури во 2024 година претрпе два порази од неприкосновениот шампион во дивизијата Александар Усик. Џошуа (35) беше нокаутиран од Даниел Дубоа. дс

Фото: Архива

Остани поврзан