• понеделник, 23 декември 2024

Џошуа го нокаутира Нгану на турнир во Саудиска Арабија

Џошуа го нокаутира Нгану на турнир во Саудиска Арабија

Ријад, 9 март 2024 (МИА) - Поранешниот двократен светски шампион во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа го победи поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану. Британецот синоќа на турнир во Ријад, Саудиска Арабија,  го нокаутираше ривалот од Камерун.

Борбата заврши во втората рунда. Камерунскиот спортист долго време не можеше да застане на нозе по страшниот нокаут. Тој се подигна од подот откако му беше укажана лекарска помош.

Сега 34-годишниот Џошуа има 28 победи и три порази во професионалниот бокс.

За 37-годишниот Нгану ова беше втора боксерска борба. И двете ги заврши со пораз. Во октомври 2023 година, Камерунецот загуби од Британецот Тајсон Фјури. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан