Прволигашки фудбал во Скопје и Кратово
- Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два дуела од 27.коло, а натпревари ќе има во Скопје и во Кратово
Скопје, 11.април 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два дуела од 27.коло, а натпревари ќе има во Скопје и во Кратово. Градските ривали Вардар и Работнички ќе истрчаат на теренот на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 15:30 часот. За „црвено-црните“ кои се домаќини на „хартија“ ова е прилика за враќање на победите, додека „романтичарите“ по серијата победи во претходната рунда загубија од Шкендија и останаа во зоната за испаѓање.
На вториот денешен дуел во Кратово, Силекс е домаќин на Башкими и ја има фаворитската улога и со победа да се зацврсти на четвртото место на табелата. Почетокот и на овој дуел е во 15:30 часот.
Во понеделник се играат дуелите Шкендија – Шкупи и Струга – Тиквеш, додека во вторник на програмата се дуелите: Арсими – Пелистер и Брера АП – Македонија ЃП. мн/
Фото: ФФМ