Двојна програма во салата „Лазар Лечиќ“
- Кошаркарските суперлигаши денеска ќе одиграат четири натпревари, од кои три во лигата за титула и еден во лигата за опстанок
Скопје, 11.април 2026 (МИА) – Кошаркарските суперлигаши денеска ќе одиграат четири натпревари, од кои три во лигата за титула и еден во лигата за опстанок. Притоа во салата „Лазар Лечиќ“ (поранешен Градски парк) ќе има двојна програма. Во 13 часот е дуелот меѓу ТФТ – Тиквеш Голден Игл (лига за титула), а од 18 часот е дуелот меѓу Работнички и Феникс (лига за опстанок).
Вториот натпревар е исклучителна важност за двата тима бидејќи победникот ги зголемува шансите за опстанок во суперлигашката конкуренција.
Од 14 часот се игра дуелот меѓу првакот МЗТ Скопје Аеродром и Кожув во СЦ „Јане Сандански“, додека во терминот од 18 часот е дуелот во Битола меѓу Пелистер – Маџари. Мн/
Фото: Фејсбук КК Работнички