Реал Мадрид во новата сезона со нов тренер
- Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп е најсериозниот кандидат за тренерското место на Реал Мадрид
Мадрид, 11.април 2026 (МИА) – Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп е најсериозниот кандидат за тренерското место на Реал Мадрид. Тој по завршувањето на Светското првенство ќе ја напушти селекторската позиција на „триколорите“ и со тоа ќе заврши неговиот 14 годишен мандат.
Како што пренесува „РМК Спорт“ тој е во најтесниот избор за тренерската позиција на „кралскиот клуб“.
Во Реал Мадрид постои незадоволство од причина што имаат криза на резултати и постои шанса да не освојат пехар на крајот од сезоната.
Моменталниот тренер или привременото решение Алваро Арбелоа не ги исполни очекувањата на управата. Мн/
Фото: ЕПА