• недела, 22 декември 2024

Џесика Честејн претседателка на Филмскиот фестивал во Маракеш

Џесика Честејн претседателка на Филмскиот фестивал во Маракеш

Маракеш, 10 октомври 2023 (МИА) - Американската глумица и оскаровка Џесика Честејн ќе го предводи жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко, објави „Варајети“ (Variety).

Фестивалот што отвора илјадници работни места за тамошните жители и всушност претставува гордост за мароканскиот народ, останува на агендата по силниот земјотрес во Мароко во септември. Жирито, со коешто претседава Честејн, ќе го избере добитникот на „Златната ѕвезда“ - главната награда. Ова, 20. јубилејно издание на Фестивалот ќе почне на 24 ноември и ќе трае до 2 декември.

Џесика Честејн претходно беше присутна и на Филмскиот фестивал во Венеција заради претставување на филмот на Мишел Франко - „Сеќавање“, и покрај штрајкот на глумците и сценаристите во Холивуд, благодарение на привремениот договор со влијателниот синдикат на американските глумци САГ-АФТРА.

- Чест ми е што сум претседателка на жирито на овој угледен Меѓународен филмски фестивал што годинава го одбележува своето 20. издание. Возбудена сум што се враќам на фестивалот, кој последен пат го посетив во 2011 година. Може ли да ми се довери оваа улога е привилегија и со нетрпение очекувам да го прославам неверојатниот светски талент во светот на кинематографијата, изјави Џесика Честејн.

Оскаровката, инаку, го наследува италијанскиот режисер Паоло Сорентино. Во Маракеш се очекува уште еден редовен учесник на филмските манифестации - режисерот Мартин Скорсезе.  си/

Остани поврзан