• петок, 03 мај 2024

Џафери - Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети 

Џафери - Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети 

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Како што соопшти денеска владината прес-служба, Џафери му посакал срдечно добредојде на Лапсли и го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува.

- Достигнувањето на 2,05 отсто од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30 отсто се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес, се вели во соопштението.

- Со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност, стои во соопштението. 

На средбата, како што се наведува, двете делегации имале можност да разговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот. Двете делегации ја потврдиле и поддршката која земјите-членки, вклучително и Северна Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли било истакнато дека Северна Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено.

- Алијансата е пообединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет, се вели во владиното соопштение. мд/

Фото и видео: Влада на Северна Македонија

Остани поврзан